МЕЃУНАРОДНА НЕДЕЛА НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ТЕХНИЧАРИ (13-19.02.2023)

МЕЃУНАРОДНА НЕДЕЛА НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ТЕХНИЧАРИ (13-19.02.2023)

Ветеринарните техничари се важен дел од медицинскиот персонал и играат важна улога во извршување и спроведување на ветеринарните практики во секоја ветеринарна амбуланта.

Меѓународната недела на ветеринарните техничари која оваа година се одбележува од 13-19.02, има за цел истакнување на важноста и оддавање признание на професионалноста, хуманата работа и посветеноста на овие ветеринарни лица.

Ветеринарните техничари, како и ветеринарите, се луѓе со исклучително големо срце и хуманост и се важен фактор во нашето општество, бидејќи се грижат за здравјето и животот на нашите шепасти пријатели.

Во чест на оваа недела, упатуваме благодарност до сите ветеринарни техничари во нашата држава за предизвиците со кои се соочуваат во нивната секојдневна работа.

ЈП Лајка се приклучува во одбележување на оваа недела и воедно сака да искаже голема благодарност до целиот ветеринарен тим од амбулантата при ЈП Лајка, за досегашните заложби, успешни резултати и тимска работа, во служба на бездомните кучиња, кои го поминуваат хуманиот третман во прифатилиштето.

May be a cartoon of dog and text that says '13-19.02.2023 мегународна недела на ветеринарните техничари JN лајка скопје'