НАПРАВИ ХЕРОЈСКИ ЧИН. СПАСИ. ДОНИРАЈ. ПОМОГНИ!
Многу бездомни кучиња во овој период на ниски температури во потрага по храна и топло засолниште, се исложени на студ кој може да доведе до појава од хипотермија.
Бидете хумани, грижете се за маалските кучиња, оставете им храна и вода, направете им превримено засолниште од картони или отворетe го влезот од зградите каде што живеете за да се засолнат, донирајте и поставете им ќебенце, ќилимче или друга топла подлога и секако поттикнете ги вашите соседи и жители во вашето населено место да го сторат истото.
Да изградиме заедно едно подобро и похумано општество.
Нивниот живот е навистина важен.
Благодарност до Тео Боцев, млад и перспективен студент на Акредитираната програма за графички дизајн на Semos Education кој го изработи овој прекрасен постер за ЈП Лајка.
