НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ОВОЈ БОЖИЌ
Во пресрет на Божиќните празници, кога трпезите во нашите домови се богати со храна, помислете на бездомните кучиња кои не по своја вина лутаат во потрага по храна и топло засолниште овие денови.
Бидете хумани, отворете ги влезовите од зградите каде живеете или згрижете ги во некој дел во вашите гаражи или подруми, каде ќе им поставите ќебенце, сад со храна и вода, а за возврат ќе добиете неизмерна љубов во знак на благодарност.
Да бидеме совесни граѓани. Да го одбележиме овој Божиќ со љубов и грижа кон овие шепасти пријатели.
