ОБУКА ЗА НЕГОВАТЕЛИТЕ ВО ЈП ЛАЈКА
Вчера во прифатилиштето на ЈП Лајка, беше спроведена обука за негователите од британскиот експерт Брајан Фолкнер, претставник од RSPCA – Кралското здружение за спречување на суровост врз животните.
Темата на оваа едукативна обука беше правилно спроведување на социјализација на кучињата, безбедно раководење на кучиња на дневна основа без нанесување на стрес врз истите, правилен пристап во прв и директен контакт со ново непознато куче, толкување на однесувањето и реакциите на кучето при интеракција со друго кучиња итн. Едукацијата и изучувањето на нови техники за социјализирање на кучињата во прифатилиштето на ЈП Лајка се особено важни за подобрување и усовршување на знаењата и практичните вештини кај негователите.



