ОБУКА ЗА ЗАЛОВУВАЧКИТЕ ТИМОВИ ВО ЈП ЛАЈКА
ЈП Лајка продложува да вложува во едукацијата на своите кадри кои работат во служба на бездомните кучиња и граѓаните на град Скопје. Изминатите денови беше спроведена теоретска и теренска обука на заловувачките тимови, на неколку локации низ Скопје од страна британскиот експерт Брајан Фокнер од RSPCA – Кралското здружение за спречување на суровост врз животните. Обуката вклучуваше спроведување на различни практични техники за хумано заловување на бездомни кучиња, кои понатаму ќе бидат привремено згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка со цел да го поминат целиот хуман третман.