ОД КУЧЕ СКИТНИК, ДО ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ! Проект за ЈП Лајка од младата студентка Матеа Кантурска по графички дизајн
Во соработка со Semos Education младата талентирана студентка од академијата за графички дизајн, Матеа Кантурска, изработи серија од три креативни постери со порака “Вдоми куче, вдоми љубов!”
Постерите носат една позитивна порака и имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да вдомат куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.
Вдомeте бездомно куче. Вдомувањето е взаемна среќа, со овој хуман чин, правите промена не само во неговиот живот, туку и во вашиот.
Благодарност до Метеа и посакуваме уште многу успешни креативни проекти како овој.