OКТОМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН МЕСЕЦ ЗА ВДОМУВАЊЕ НА КУЧЕ ОД ПРИФАТИЛИШТЕ

Месец ОКТОМВРИ во меѓународни рамки секоја година се одбележува со цел подигнување на свеста за вдомување на куче од прифатилиште.

Од прифатилиштето на ЈП Лајка во изминатите две години колку што и постои, вдомени се преку 5️⃣0️⃣0️⃣ бездомни кучиња како во нашата земја така и во странство, благодарение на тимот на ЈП Лајка, активистите и здруженијата за заштита на животни.

ЈП ЛАЈКА преку своја кампања се приклучува кон одбележување од овој месец, промовирајќи вдомување на бездомни кучиња, одговорно сопствеништво и поттикнување на граѓаните да вдомат бездомно куче за миленик, наместо да одвојат големи финансиски средства за расно.

Вдомувајќи бездомно куче правите хумано дело, го менувате потполно неговиот живот, му давате шанса за поубав, посреќен и побезбеден дом и истовремено придонесувате во намалување на популација на кучињата, кои секојдневно изгубено лутаат низ улиците барајќи свое топло засолниште.

Во чест на овој месец, ги покануваме сите граѓани кои вдомиле бездомно куче да споделат фотографии од своите миленици во коментар под оваа објава, а на таков начин заеднички ќе стимулираме вдомување на бездомно куче од прифатилиште.