ОТВОРЕН ДЕН ВО ЈП ЛАЈКА (14.05.2022)
ЈП Лајка изминатата сабота организираше уште еден ОТВОРЕН ДЕН за граѓаните и љубителите на кучиња, како дел од своите редовни активности.
На наше огромно задоволство волонтерски придонесоа неколку млади посетители кои заедно со своите родители, имаа прилика во неколку часовна дружба со кучињата во прифатилиштето на ЈП Лајка да придонесат за подобрување на благосостојбата на кучињата кои во моментот се привремено згрижени и чекаат да го најдат својот дом.
Преку овие отворени денови прифатилиштето на ЈП Лајка има за цел да ги едуцира граѓаните и да придонесе во градење на идни млади генерации, поемпатични, поодговорни и свесни за грижата и хуманиот третман на бездомните кучиња.