ОТВОРЕН ДЕН ЗА ДРУЖЕЊЕ СО КУЧИЊАТА И ДОНАЦИИ ЗА КУЧИЊАТА ВО ЈП ЛАЈКА

ЈП Лајка ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние кои размислуваат да вдомат куче од нашето прифатилиште, оваа сабота на 1️⃣9️⃣.0️⃣2️⃣.2️⃣0️⃣2️⃣2️⃣година од 🕙10:00 – 13:00 часот на ОТВОРЕН ДЕН.
На овој отворен ден ги покануваме и сите граѓани кои сакаат да придонесат преку своја донација во подобрување на условите и благосостојбата на кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка. Во моментот имаме потреба од ќебенца, храна, крекери, шампони, средства за дезинфекција, а постои и можност за парична донаиција.
За оние граѓани кои се размислуваат да вдомат куче и сакаат својот избор на миленик да биде токму од прифатилиштето на Лајка, оваа сабота е одлична прилика да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, воедно ќе добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.
Да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат бездомните животни.
Ве очекуваме оваа сабота во Лајка на дружба со кучињата и тимот на ЈП ЛАЈКА.
May be an image of one or more people, dog and text that says 'отворен ден 19.02.2022 сабота од 10:00 13:00 часот доколку сакате да ce дружите co кучината од прифатилиштето на лајка или сакате да не посетите за да донирате кебенца, храна, средства за дезинфекција, шампони или парична помош за кучината во јплајка, ве очекув оваа сабота на заедничка кафе дружба. III лала скопје'