ОТВОРЕН ДЕН ЗА ВОЛОНТЕРИ / 05.06.2021 / САБОТА

🌸🐶Во рамките на своите редовни активности и на барање на граѓаните кои не следат и ја поддржуваат нашата работа на 5-ти јуни, сабота, од 10:00 до 14:00 часот ќе се одржи ОТВОРЕН ДЕН во прифатилиштето на ЈП Лајка🐾

✅И овој пат волонтерите ќе може да придонесат за подобрување на благосостојбата на кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка и да уживаат со нив прекудружење, прошетки, играње, хранење, бањање и чешлање🥎🪣🚿🧼🍲⚾️🐕🧽🐕‍🦺

Притоа ќе може да добијат повеќе информации за секое од нив, за целиот хуман третман низ кој што имаат успешно поминато, за процесот на вдомување, како и практични совети при вдомување на куче. ️🆙️Бројот на места е ограничен затоа е потребно да го потврдите вашето присуство на volontiraj@lajka.com.mk🖱

Ве очекуваме!