ПОСЕТА НА ЛАЈКА ОД ДЕЦА И МЛАДИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ
Измината сабота, 11.12.2021год, на наше огромно задоволство во посета на прифатилиштето на Лајка беа околу 23 дечиња и млади со попреченост и од социјално-загрозени семејства. На оваа посета која е дел од Проектот Хуманко за помош и поддршка воспитно-образовниот процес во организација на Црвениот крст –Карпош, присуствуваа и волонтерите на Црвениот крст кои се вклучени веќе 14 години во реализација на овој проект.
На оваа неколку часовна средба нашите драги гости имаа прилика да се запознаат, играат, хранат и уживаат со бездомните кучиња низ кратка едукација од страна на негователите и директорот Војислав Димитровски.
Им благодариме на посетата и прекрасното саботно дружење во прифатилиштето на Лајка.