ПРИФАТИЛИШТЕТО НА ЈП ЛАЈКА ВО МОМЕНТОТ ИМА ОКОЛУ 110 ЗГРИЖЕНИ КУЧИЊА КОИ ЧЕКААТ ДА БИДАТ ВДОМЕНИ
Во моментот во прифатилиштето на ЈП Лајка има околу 110 заловени кучиња кои се привремено згрижени. Прифатилиштето на ЈП Лајка претставува транзит шелтер каде секое заловено куче поминува низ целосен третман: 4Д тест, крвна анализа, кастрација/стерилизација, вакцинирање против беснило и заразни болести, микрочипирањеџ.
По истекот на престојот во прифатилиштето кој е од 15-30дена, секое куче кое нема да биде вдомено ќе се врати на матичната локација од каде е заловено. ЈП Лајка активно и континуирано работи на вдомување на здрави единки како во нашата држава, така и во странство, со цел што помалку кучиња да бидат вратени назад на улица.
Доколку се размислувате да земете миленик кој ќе го промени вашиот живот, препорачуваме да го посетите прифатилиштето на ЈП Лајка, каде во моментот има околу 60 прекрасни кучиња комплетно подготвени да бидат вдомени.
#ВдомиКучеВдомиЉубов
❤️🐾vdomi@lajka.com.mk❤️🐾