Пријави агресивно куче или глутница кучиња
Граѓаните на град Скопје кои се соочуваат со проблем од глутница кучиња или агресивно куче во нивното населено место, можат да испратат пријава на електронската адреса prijavi@lajka.com.mk, како би можела екипата на ЈП Лајка да постапи на терен по нивната пријава.
Пријавата потребно е да содржи фотографии или видео од кучето или глутницата на кучиња, информираат од ЈП Лајка – Скопје.