ПРОЛЕТНАТА СЕЗОНА ЗА ПРОШЕТКИ НА КУЧИЊАТА ВО ЛАЈКА ОФИЦИЈАЛНО Е ОТВОРЕНА
Почетокот на пролетта, значи почеток на најубавото годишно време за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка, бидејќи со нетрпение очекуваат да уживаат во секојдневните долги прошетки и играњето со најразлични реквизити за забава во интеракција со негователите.
Во паркот за миленици каде се спроведуваат овие забавни активности, секојдневно се работи и на социјализација на кучињата и градење навики да одат на поводник.
Доколку имате куче миленик, искористете ги пролетните сончеви денови и подарете му неколкучасовно задоволство на вашето куче, со цел да се ослободи од вишокот енергија, да ужива трчајќи и играјќи во природа, а со тоа и да изгради поблизок однос со вас.





