ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ СО “НЕ БИДИ ЃУБРЕ” И ЈП ЛАЈКА
Во соработка со Граѓанската иницијатива “Не биди ѓубре”, директорот на ЈП Лајка Војислав Димитровски и вработените, активистите и граѓаните кои доброволно ни се приклучија во оваа пролетна акција беа исчистени голем дел од површините во и околу објектот на прифатилиштето на ЈП Лајка.
Во оваа иницијатива се приклучија и претставници на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД кои се залагаат за зелено, чисто и хумано Скопје.
Благодарност до ЈП Комунална хигиена и ЈП Паркови и зеленило, кои со своите теренски екипи придонесоа во оваа акција.
Прифатилиштето на ЈП Лајка е позиционирано во близина на голема депонија, па затоа од голема важност е околината во непосредна близина на самиот објект да биде постојано чиста.






