ПРВОТО КУЧЕ ВДОМЕНО ОД ЈП ЛАЈКА ДОБИ ТОРТА ОД ЛУНА ПЕТ ШОП
Во соработка со Luna Pet Shop прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје денес му подари вкусна торта за миленици, на првото куче вдомено од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА, Мими.
Мими е куче кое го освои срцето на нашиот неговател Боби уште од првиот ден кога пристигна во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА. Нејзиниот кроток карактер и мил поглед едноставно не остави никого рамнодушен меѓу вработените, па дури ни Боби.
Откако Мими го помина целиот хуман третман во ЈП ЛАЈКА, Боби и подари топол дом и шанса за подобар живот.
Боби и неговото семејство меѓудругото се огромни љубители на кучиња и се веќе сопственици на едно, коа една година одлично се сложува со нашата Мими.
Голема благодарност уште еднаш до ЛУНА ПЕТ ШОП на убавиот гест.
