Реконструкцијата и доградбата на новото Прифатилиште за бездомни животни Лајка е во завршна фаза
Со овој зафат се прави целосна реконструкција на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи, реконструкција на кровот, поставување на изолација и фасада која воопшто ја немало досега. Со реконструкцијата и проширувањето на стационарот во Вардариште, покрај подобрувањето на условите, удвоен е и капацитетот за вдомување на улични кучиња.
„Лајка“ ќе ги прими првите гости по изборите
Петре Шилегов
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека новото прифатилиште за вдомување кучиња скитници е готово и ќе биде отворено по изборите. Со стационарот за кучињата скитници ќе раководи новото ЈП „Лајка“.
„Додека некои потпишуваат договори и се фалат со тоа, работата веќе е завршена. Отварање после избори!!! Скопје нема да застане ! Скопје, една поинаква приказна“, напиша Шилегов.
Прифатилиштето „Лајка“ е подготвено да ги прими првите гости и да им овозможи достојни услови за живот. Во споредба со „Вардариште“ новото прифатилиште за бездомните животни ќе има поголем внатрешен капацитет и наместо 80 метални боксови ќе има нови ѕидани 100 апартмани за кучиња со подно греење и вентилација по стандардите пропишани во правилникот за прифатилишта од Агенцијата за храна и ветерина. Максимално е искористен и надворешниот дел од објектот каде има 60 нови боксови за поголеми раси на кучиња кои ќе имаат пристап до новиот парк.