РОДЕНДЕНСКА ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА НА ЈП ЛАЈКА
ОКТОМВРИ е месец на ЈП Лајка, месец во коj славиме 2 години постоење и хумана работа. Пред две години градот Скопје го доби првото јавно претпријатие за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња во нашата држава.
По повод вториот роденден на прифатилиштето на ЈП Лајка, на 29.10.2022 (сабота) ве покануваме на роденденски хуманитарен настан во најурбаниот пет френдли бар во Скопје, Дневна доза кафе кој се наоѓа во централното градско подрачје.
На нашите граѓани им најавуваме интересна и забавна програма, пријатни изненадувања, хуманитарен базар, многу гости и музичко уживање од 11:00 до 15:00 часот.
На 29ти ги покануваме сите граѓани да дојдат на овој роденденски настан, каде ќе се дружиме заедно со сите активисти, соработници, партнери и пријатели на ЈП Лајка, кои во овие две години дадоа значаен придонес во работењето на претпријатието и благосостојбата на бездомните кучиња за кои постоиме.