СЕ ВДОМИ УШТЕ ЕДНО КУЧЕ ОД “СРЕЌНАТА КАНЦЕЛАРИЈА”

Малиот Бошко кој го освои срцето на сите негователи во ЛАЈКА со својот мил карактер, денес е веќе член на едно прекрасно семејство, кое оваа сабота беше на заедничка дружба со нас на ОТВОРЕНИОТ ДЕН во ЈП ЛАЈКА.
Бошко е уште едно вдомено куче од “среќната канцеларија” во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА, во која нема куче кое не престојувало таму, а да не е вдомено.
“Среќната канцеларија” како што ја нарекуваме досега им подари топол дом и прекрасно семејство на многу кучиња како што се: Снешка, Бела, Малена, Буцка, Мина, Тасо, Шеќерка, Сара, Дона, Чарли, Пепа и многу други.
ЈП ЛАЈКА во соработка со Luna Pet Shop на вдомувачите на Бошко им приреди слатко изненадување – вкусна торта за кучиња, која сме сигурни дека Бошко веќе ја има дегустирано 🙂
May be an image of 1 person and dog