ШАРО, УШТЕ ЕДНО КУЧЕ ПО ПРИЈАВА ЗА “КАСНУВАЊЕ” УСПЕШНО ВДОМЕНО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
ШАРО заловен по втор пат по пријава за „каснување”, со поминати тестови за социјализација, со никакви тенденции за агресија и напад врз човечки фактор, успешно и среќно вдомен во Велика Британија. Благодарност до Happy Tails United кои заедно со нашиот тим успешно го спроведоа целокупниот процес и транспорт на Шаро до неговиот дом.
Семејството на Шаро, само неколку недели претходно вдомија уште едно куче од македонски шелтер. Им благодариме на хуманоста, што им дадоа дом на две прекрасни бездомни кучиња.
Шаро е воедно третото куче од прифатилиштето на ЈП Лајка, кое е заловено по пријава за каснување, а е успешно вдомено во Велика Британија.




84