ШТО ВКЛУЧУВА ХУМАНИОТ ТРЕТМАН НА КУЧИЊАТА ВО ЈП ЛАЈКА?
Хуманиот третман на згрижените кучиња во прифатилиштето на ЈП Лајка вклучува:
крвна слика;
тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен согласно годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство);
терапија против внатрешни и надворешни паразити;
вакцинација против заразни болести
вакцинација против беснило;
кастрација/стерилизација, микрочипирање;
обележување со ушна маркица;
Хуманиот третман е БЕСПЛАТЕН за сите бездомни кучиња над 7-месечна возраст согласно Програмата на прифатилиштето на ЈП Лајка – Скопје.
Секој граѓанин кој ќе вдоми куче добива и пасош за кучето од ЈП Лајка.
*** ЈП Лајка е надлежна за постапување и спроведување хуман третман на бездомни кучиња заловени во општините на територија на град Скопје ***
