СОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА, ВАЖЕН ДЕЛ ОД ГРАДЕЊЕ НА ПОЗИТИВНИ НАВИКИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО КАЈ КУЧИЊАТА
Вежбите преку кои се применуваат техниките за социјализација на кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка се дел од секојдневните практики на негователите кои се грижат за нивната благосостојба.
Во прифатилиштето на ЈП Лајка негователите покрај дневната нега и грижа, посветено работат на социјализиција и ресоцијализација на кучиња, редовни прошетки, справување со нивните стравови, градење на добри навики и стекнување доверба кон другите кучиња, особено доверба во односот со луѓето.
Социјализација е многу важна за секое куче да се чувствува удобно во различни ситуации и околности.
Благодарение на посветеноста, секојдневниите заложби и љубовта на негователите, досега сме биле сведоци на неверојатни трансформации во однос на однесувањето на кучињата. Многу од нив кои некогаш биле исплашени, повлечени кучиња, денес се среќно вдомени и не покажуваат никакво несоодветно однесување.




