СРЕДБА МЕЃУ ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЛАЈКА И ДИРЕКТОРКАТА НА СТАЦИОНАРОТ ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА ОД СТРУМИЦА
Во посета на прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА беше директорката на Стационарот за бездомни кучиња од Струмица, Сузана Стојкова, која всушност е и прва официјална средба со директорот на ЈП Лајка, Војислав Димитровски.
На оваа средба, директорката Сузана Стојкова имаше прилика да се запознае со работата на прифатилиштето и тековните активности и воедно да биде дел од Обуката за менаџирање на прифатилиште и тест за социјализација на кучиња која овие денови ја спроведува експерт од RSPCA.
Средбата помеѓу раководството на двете прифатилишта воедно има за цел можност за идна соработка помеѓу Скопје и Струмица во насока на изнаоѓање заедничко решение за проблемот со бездомните кучиња.