СВЕТСКИ ДЕН НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА – 04.04.2021
По повод Светскиот ден на бездомните кучиња 4-ти Април, ЈП Лајка оваа недела организираше ОТВОРЕН ДЕН за вистинските љубители на кучиња кои пријавувајќи се на нашата електронска адреса volontiraj@lajka.com.mk имаа можност да уживаат, дружат, играат, да ги хранат и чешлаат кучињата во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА. Им благодариме на сите што заедно со нас го одбележаа овој ден со својот волонтерски придонес, како и донирајќи храна за кучињата. Навистина не радува што ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ во Лајка видно придонесуваат во подигнување на свеста за подобрување на благосостојбата на бездомните кучиња.
*** На ОТВОРЕНИОТ ДЕН по повод Светскиот ден на бездомните кучиња во ЈП ЛАЈКА беа испочитувани сите протоколи и мерки пропишани за КОВИД-19.***
Линк од видеото: https://www.youtube.com/watch?v=qnB9DPfDjnY