ТАЖНАТА ПРИКАЗНА ЗА РАСЕЛ, КОЈ ИСТРАУМАТИЗИРАН И СО ВИДНИ РАНИ САМ СЕ ВРАТИ ВО ПРИФАТИЛИШТЕТО НА ЈП ЛАЈКА

Во нашето секојдневно работење, често сме сведоци на многу немили настани, каде врз бездомните кучиња се искажува револтот и суровоста од страна на несовесните граѓани.

Таква е и приказната за Расел, преубавиот стафорд кој пред само неколку дена се појави сам пред портите на прифатилиштето на ЈП Лајка во загрижувачка состојба со загноена рана околу вратот, настаната како последица од жица која му била врзана. Расел е заловен пред една година од заловувачкиот тим на ЈП ЛАЈКА, го има поминато целиот хуман третман и беше вратен на локација по истекот на неговиот престој во ЈП Лајка,поради немање на интерес за негово вдомување.

Ова не е прв пат Расел да се врати во нашето прифатилиштето откако е вратен на својата матична локација. Досега се има вратено два пати, што доволно говори за тоа колку му годел третманот и љубовта од негователите која што секојдневно ја добивал за време на неговиот престој во ЈП Лајка.

Расел во моментот е под стручен надзор и интензивна нега на ветеринарниот тим во Амбулантата на јавното претпријатие “Лајка” и прима соодветна терапија.

Расел е исклучително мирно и мило куче, кое се радуваше на секој вработен во ЈП Лајка мавтајќи со опавчето, обожаваше да се гали и да дава љубов. Дека беше среќен доволно говорат и фотографиите направени точно пред 1 година, кога беше и објавен за вдомување на нашите социјални мрежи.

Денес, неговата насмевка ја нема и неговиот поглед е полн со тага и болка како резултат од малтретирањето од несовесни и сурови граѓани. Расел не го заслужува ова! Со оваа приказна би сакале да упатиме јасна порака до граѓаните – бездомните животни не заслужуваат да бидат малтретирани и тие имаат душа како и нас луѓето.
Да не дозволиме ниту едно друго куче да биде Расел!

Април е МЕЃУНАРОДЕН МЕСЕЦ ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА СУРОВОСТА И ЗЛОУПОТРЕБАТА НА КУЧИЊАТА. Во таа насока со оваа приказна, апелираме до јавноста за соодветно однесувањето кон бездомните кучиња, дадете им хуман третман, љубов и грижа.

Да бидеме нивниот глас, тие не заслужуваат да бидат малтретирани!

May be an image of one or more people, dog and text that says 'расел'

Leave A Comment

All fields marked with an asterisk (*) are required