ВЕТЕРИНАРОТ ОД ЈП ЛАЈКА ГО СПАСИ КУЧЕТО ОД ШАХТА
На повик од МВР за асистенција при загрозување на безбедноста и прекин на телекомуникациската мрежа на ПС Гази Баба, дежурната екипа на ЈП Лајка во текот на денешниот ден излезе на терен.Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев го спаси кучето паднато во шахта во централното зеленило спроти хотел Континентал. Се работеше за насилно отворена шахта со длабочина од 2,5 метри во која се наоѓаше беспомошното куче, видно исплашено и дехидрирано. Истото беше замотано во кабли од кои внимателно е извадено и безбедно е сместено во транспортер.По прегледот во ветеринарната служба на ЈП ЛАЈКА и тестирањето на кучето е констатирано дека нема видливи повреди и е позитивно на ерлихија.Кучето нема микрочип па го доби името Борче и ќе подлежи на хуманиот третман за бездомни кучиња.