ВО ЧЕСТ НА ИВАНА ДЕРЛИВА, ДРАГА КОЛЕШКА КОЈА ПРЕРАНО НЕ НАПУШТИ

Денес изгубивме прекрасна колешка, ценет пријател со големо срце и огромен љубител на кучиња…денес не напушти ненадејно нашата сакана Ивана Дерлива.
Нејзината прерана смрт не остави скршени и во неверување😢😢😢

Ивана наша најмила….многу малку време ни остави да се радуваме на твојата ведрина…

Беше човек со големо срце, колега за пример, личност која зрачеше со позитива… вистински љубител на кучиња… голем хуманист…секогаш спремна да помогне за бездомните кучиња…професионалец во работата…неговател за пример, кој секојдневно ја пренесуваше својата љубов кон шепастите крзнени пријатели.

Ивана знаеше со секого да направи муабет, да му помогне, ислуша, да се пошегува… го гледаше само доброто во луѓето… таа доблест и големина неретко ја има секој…а тоа доволно кажува за нејзиното големо, чисто и добронамерно срце.

Ивана беше човек со огромно револуционерно срце,човек кој беше еден од малкумината кои оставаат порака позади себе,порака за ширење љубов. Денес Ивана ја запиша последната порака. Љубов. Кратко и јасно, го напушти овој свет и остави на нас да одлучиме кој пат ќе го продолжиме и каква порака ќе оставиме позади нас.

Драга наша Иванче…ќе останеш вечен непребол…твоето отсуство ќе остави трајна болка во нас…

Секое утро на летниковец, кога го пиеме првото кафе заедно нема да биде исто без тебе… без твојата широка насмевка… без некоја од твоите интересни животни случки кои знаеше да ги споделиш со нас…

Поглед во дворот, и тебе веќе ќе те нема…
Поглед во празно и твојата насмевка ќе ја нема….
Поглед кон паркот и тебе пак ќе те нема…
Ќе затвориме очи и ќе бидеш секаде околу нас…
Меѓу сиот лаеж, ќе бараме да го чуеме твојот глас…

Животот те зема прерано, а имаше толку креативни визии и планови пред себе што останаа нереализирани….

Почивај во мир.
Нека ти е светол патот.

Видео во сеќавање на Ивана Дерлиева: https://fb.watch/gvxUVp1LhQ/ 

May be an image of 2 people, dog and outdoors

 

May be an image of 1 person and dog

May be an image of 1 person, dog and outdoors

May be an image of dog and outdoors

No photo description available.