ВОЈИСЛАВ ДИМИТРОВСКИ Е НОВИОТ В.Д ДИРЕКТОР НА ЈП ЛАЈКА – СКОПЈЕ
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го постави Војислав Димитровски за нов директор на јавното претпријатие “Лајка” – Скопје.
Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња.
Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија. Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија.