ЗАВРШИ ОБУКАТА ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА ПРИФАТИЛИШТЕ И БЛАГОСОСТОЈБА НА КУЧИЊА ВО ЈП ЛАЈКА
Последен ден од четиридневната обука во соработка со Ветеринарната комора и експерти од RSPCA (Кралското здружение за спречување на суровост врз животните.)
Во текот на овие неколкудневни обуки земаа учество околу 40 учесници (ветеринари, дресери, негователи, заловувачи и др) кои имаа прилика да уживаат во предавањата на Brian Faulkner и да слушнат дел од неговото долгогодишно искуство од областа на благосостојба и хуман третман на кучиња.
Им благодариме сите на учеството, како и на Brian на честа да ги води овие прекрасни обуки во рамките на прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.