+389 22 56 58 59
+389 22 56 58 59
vdomi@lajka.com.mk
+389 22 56 58 59
071 219 925
Целиот хуман третман на бездомните кучиња вклучува: крвна слика, тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен согласно годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство), терапија против внатрешни и надворешни паразити, вакцинација против заразни болести и беснило, кастрација/стерилизација, микрочипирање, обележување со ушна маркица, престој и ресоцијализација.
Љубовта се покажува на дело.
Вдоми куче,вдоми љубов.
Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче најпрво ќе мора да пополни прашалник за вдомување, со внесување на своите лични податоци, потоа ќе се изврши разговор со стручно лице вработено во стационарот за да се процени дали вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик.
Вашите пријави може да ги испратите на електронската адреса info@lajka.com.mk
Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче ќе треба да испрати меил на електронската адреса vdomi@lajka.com.mk или на оваа веб страна во делот ВДОМИ ќе може да го одбере кучето за кое е заинтересиран со притискање на копчето ВДОМИ МЕ.
Потоа ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе му биде да закажана средба за посета на нашето прифатилиште на која ќе има прилика да оствари контакт и да се запознае подобро со кучето кое сака да го вдоми.
Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП Лајка ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.
Правилната и добра исхрана значи подолг животен век кај кучето. Затоа на секое куче му обезбедуваме квалитетна храна соодветна на неговите потреби.
Секое куче заслужува комплетна и правилна нега. Тука сме да ја обезбедиме негата што секое куче ја заслужува.
Тим на негователи секојдневно работат на ресоцијализација на секое куче посебно за време на неговиот престој. Процесот на ресоцијализацијата вклучува: постепено учење на секое куче опуштено да се движи на поводник, изложување на кучето со други кучиња и контакт со луѓе, вежбање, тренирање, едуцирање за правилно однесување и стекнување на хигиенски навики.
Здравјето на кучињата зависи од правилниот третман, нега, соодветна грижа и исхрана. Негата на кучиња вклучува обезбедување здрава храна и чиста вода, груминг, шетање, играње, чист и топол простор на апартманите во кои престојуваат, секојдневна контрола на нивната физичка и здравствена состојба. Целокупната нега, како и оценките за нивното здравје и однесување се под надзор на негователи и доктор по ветеринарна медицина.
На Скопје навистина му беше потребно претпријатие кое ќе се грижи и ќе ги згрижува бездомни кучиња. Неопходно е да се намали размножувањето и да се намали бројот на улични кучиња. ЈП Лајка ќе има навистина сериозна и одговорна задача и верувам ќе одговори соодветно на неа, не само во корист на кучињата туку и во служба на граѓаните.
Како семејство сме навистина среќни што вдомивме куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.
Јас ги охрабрувам сите што сакаат куче, да вдомат и посветено да го чуваат.
Сопственик на вдомено куче
Ова е нешто што многу му беше потребно на Скопје. Има многу бездомни кучиња низ нашите улици на кои им е потребна помош, а пред се нивно вдомување во најбрзо можно време. Сметам дека ЈП Лајка се случи и појави во најсоодветното време.
Како голем љубител на кучиња и сопственик веќе на едно, се решив да вдомам бездомно куче од прифатилиштето на ЈП Лајка. Уште на првата средба преслатката мала Мими го освои моето срце и посакав одма да ја вдомам.
Сопственик на вдомено куче
Навистина не радува што Скопје конечно доби прифатилиште за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња каков што долго се очекуваше. Се надеваме дека проблемот со бездомните кучиња наскоро ќе биде минато и дека ќе се подигне култура за вдомување на бездомни кучиња.
Желбата за вдомување на ВУК беше пред се на моите деца, кои се заљубија во него уште на првата средба. Вук денес е полноправен член на нашето семејство и нашиот дом е исполнет со многу забава одкога тој е дел од него.
Сопственик на вдомено куче
Вашите пријави и прашања можете да ги испратите на info@lajka.com.mk или да не контактирате на 071 219 925.
понеделник - петок 09:00-16:00 часот