Дали знаеше дека не мораш да вдомиш за да направиш огромна разлика?
Па затоа ние од Лајка го имаме најхуманото решение – биди привремен згрижувач
Со тоа што ќе станете привремен згрижувач, му давате на бездомно куче можност да живее во домашна средина, да стекне рутина и повторно да изгради доверба во луѓето – сè до неговото трајно вдомување.
Ние обезбедуваме:
-храна за времетраење на престојот
-ветеринарна грижа
-поддршка и насоки
-промоција за вдомување
За да помогнете, не е потребно претходно искуство.
Потребни се:
-малку простор
-трпение
-одговорен пристап
Привремениот дом е само една станица на нивниот пат, но често е клучна за нивниот живот.
Доколку сакате да се вклучите, контактирајте нè во порака

