Едукативна посета во основното училиште „Наум Наумовски – Борче“

Тимот на ЈП Лајка реализираше едукативна посета во основното училиште „Наум Наумовски – Борче“ во Општина Гази Баба, каде со дел од учениците разговаравме за одговорно сопствеништво, хуман однос кон животните и важноста на правилната грижа за милениците.

Преку вакви средби кај најмладите се создава свест, емпатија и чувство на одговорност уште од најрана возраст. Токму едукацијата е еден од најважните чекори кон создавање подобро, похумано и побезбедно општество – и за луѓето и за животните.

Веруваме дека децата кои учат да покажуваат грижа, почит и одговорност кон животните денес, утре ќе бидат возрасни кои придонесуваат за поздрава и посовесна заедница.

Голема благодарност до училиштето „Наум Наумовски – Борче“ и Општина Гази Баба кои ја поддржаа оваа значајна активност.

Волонтирај