Во ООУ „Кузман Шапкарев“ повторно донесовме училишна енергија и инспирација за учениците од 7. одделение од сите класови. Преку интерактивно предавање и отворена дискусија, заедно ги допревме темите за хуманост, емпатија и лична одговорност.
Темата „КАКО ДА БИДАМ ОДГОВОРЕН СОПСТВЕНИК НА МОЈОТ МИЛЕНИК“ отвори важни прашања и поттикна искрени, зрели дискусии за:
• хуман однос кон животните 🐾
• одговорностите што ги носи сопствеништвото
• значењето на стерилизација/кастрација 💉
• правилна грижа, вакцинација и идентификација
• превенција од напуштање и намалување на бројот на бездомни кучиња 🚫🐶
Едукацијата кај децата претставува клучна долгорочна мерка — темел врз кој се гради похумана, побезбедна и поодговорна заедница.
Преку реални примери, учениците самите доаѓаат до заклучокот дека одговорноста не е само збор-тоа е дело кое се покажува секој ден.
ЈП „Лајка“ продолжува со посветеност, стручен пристап и внимателно креирани едукативни материјали прилагодени на возраста на учениците. Веруваме дека преку заедничка соработка создаваме свест што остава трајна вредност-за луѓето, за животните и за општеството во кое живееме.








