Знаете ли колкаво е влијанието на милениците врз нашето психофизичко здравје? Редовното шетање или џогирање со вашето куче ви дава можност да вежбате и да одржувате здрав начин на живот. Истражувањата покажуваат дека сопствениците на кучиња имаат понизок крвен притисок, помалку стрес и унапредени механизми за соочување со стрес; помал ризик од обезност, дијабетес и срцеви заболувања.
Исто така, кучињата се одлични терапевти за емоционална поддршка. Поминувањето време со куче може да помогне да се намалат симптомите на депресија, осаменост и анксиозност. Милениците ви овозможуваат постојано и незаменливо друштво и неверојатно добро ги забележуваат емоционалните потреби на оние кои ги сакаат. Воедно комуникацијата и размената искуства со други лица кои имаат миленик отвара можности за вистински силни и долгорочни пријателства.
Истражувањата укажуваат на тоа дека милениците позитивно влијаат врз здравјето на телото и мозокот. Затоа уживајте во друштво на својот крзнен пријател, посетете го најблиското прифатилиште за животни и започнете свој поздрав начин на живот.
Вдомувањето спасува живот на друго битие, но го облагородува животот на оној кој вдомил. Вдомете миленик, вдомете куче!