Започнуваме со едукативниот караван на ЈП „Лајка“

Веруваме дека највредната инвестиција што едно општество може да ја направи е вложувањето во младите генерации – затоа што токму тие, со развиена емпатија, знаење и чувство за одговорност , го менуваат светот на подобро. 🌍

Нашата прва станица беше ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Скопје , каде што имавме чест да се дружиме и да разговараме со учениците од 7 одделение . Со заеднички ангажман на нашиот тим и со значајна поддршка од Велика Миленковска , дефектолог од училиштето, успешно ја реализиравме првата од низата едукативни активности. 🙌

Темата „КАКО ДА БИДАМ ОДГОВОРЕН СОПСТВЕНИК НА МОЈОТ МИЛЕНИК“ отвори важни прашања и поттикна искрени, зрели дискусии за:

• хуман однос кон животните 🐾❤️

• одговорностите што ги носи сопствеништвото 📌

• значењето на стерилизација/кастрација 🩺

• правилна грижа, вакцинација и идентификација 💉📋

• превенција од напуштање и намалување на бројот на бездомни кучиња 🚫🐕

Едукацијата кај децата претставува клучна долгорочна мерка – темел врз кој се гради похумана, побезбедна и поодговорна заедница.

ЈП „Лајка“ продолжува со посветеност , стручен пристап и внимателно креирани едукативни материјали, прилагодени на возраста на учениците. Веруваме дека преку заедничка соработка создаваме свест што остава трајна вредност – за луѓето , за животните и за општеството во кое живееме.

Волонтирај