Доколку вашиот миленик живее во двор или го поминува најголемиот ден од денот во него, потребен му е простор кој ќе му биде удобен, но истовремено ќе му овозможи соодветна заштита и сигурност.
Сакате на вашето куче да му го овозможите сето ова?
Тогаш му се потребни бокс и куќичка. Нив можете да ги купите готови, меѓутоа доколку сакате да бидете сигурни дека истите ќе бидат со висок квалитет и баш по мерка за вашето куче, оваа опрема можете и самите да ја направите.
Доколку сакате проекти од типот „сам свој мајстор“, посакувате на својот миленик да му го овозможите само најдоброто и да го прилагодите дворот на неговите потреби, во продолжение на текстот прочитајте како да го направите ова.
Куќичка за кучиња – како да ја направите и кои материјали ви се потребни?
Куќичка за куче можете да направите од различни материјали – панели, картон, палета, буре и сл. Меѓутоа доколку сакате истата да биде долготрајна, квалитетна и да му овозможува топлина и удобност на вашиот миленик, најдобро е да се одлучите за куќичка од панели.
За овој тип на куќичка потребни ви се панели, Л-профили, брусилка, бушилка, клешта за поп нитни и силикон. Како би направиле квалитетна куќичка за што помалку пари, потребно е да најдете продавница која нуди поволни цени за алатот и опремата која ви е потребна. При одбирањето на панелите, одлучете се за оние од 4 см, кои се добар изолатор – па така куќичката во зима би била топла а во лето доволно разладена како би му било пријатно на кучето.
Прво што е потребно да направите е да ги одредите димензиите на куќичката која што му е потребна на вашето куче. Таа треба да биде доволно голема како вашето куче би можело да се сврти во неа без проблем, но и доволно мала како би можела да ја задржи топлината во ладните денови. Потребно е да ја одредите нивната должина, ширина и висина.
Куќичка за куче може да направите и сами, со малку имагинација, труд и наши совети.
Откако сте ги одредиле димензиите, време е да почнете со работа. Исечете ги панелите во облик на квадрат или правоаголник по желба, по претходно одредени димензии за под и останатите ѕидови на куќичката.
На аглите од панелите поставете и фиксирајте ги Л-профилите со помош на поп нитни. Предниот ѕид на куќичката, со помош на брусилката исечете го така то би бил доволно голем како би можело вашето куче комотно да пројде низ него.
Поставете Л-профили и на внатрешните ѕидови, а потоа кровот прицврстете го со штрафови. Доколку панелите не се убаво налегнати и помеѓу нив нив постои простор низ кој поминува воздух, празнините исполнете ги со силикон.
Бокс за кучиња – и како да го направите?
Сега кога веќе на вашето куче сте му направиле куќичка во која ќе го поминува времето, на ред доаѓа правење на бокс кој ќе му обезбеди дополнителна заштит и сигурност. Пред да тргнете во самиот процес на изработка, потребно е да одредите неколку работи.
Која димензија на боксот е соодветна?
Боксот треба да овозможи доволно простор за кучето за негово слободно движење, поготово ако поминува поголем ден од денот во него. Исто така, треба да има одговарачка висина за да не може вашето куче да ја скокне оградата и да ја загрози сопствената сигурност.
Најмали димензии во кои можете да направите бокс за кучиња се:
Должината на боксот мора да биде барем еднаква со должината на вашето куче. Ширината на боксот треба да биде најмалку двојна ширина од вашето куче зголемена за 3 см, додека висината на боксот мора да бидат за 7см поголема од висината на вашиот миленик.
На кое место треба да се наоѓа боксот во вашиот двор?
Како би ги одредиле точните димензии потребно е да ја знаете и точната локација на кој ќе се наоѓа боксот. Одберете дел од дворот кој ја исполнува потребата за оптимална големина на бокот во кој се наоѓа вашиот миленик. Доколку е возможно боксот треба да се наоѓа на место кое има непречен поглед на остатокот од дворот, поготово доколку вашето куче е таканаречено „куче чувар“.
Најдобро е да биде во сенка, во близина на дрво, а доколку тоа не е возможно, на него може да се стави и надстрешница која ќе го штити вашето куче од изложување на директно сонце, но и на дожд, снег и град.
Од кој материјал да направите бокс?
При одбирање на материјал, обрнете внимание металните и челичните конструкции да бидат отпорни и шипките да бидат доволно цврсти како кучето не би можело да ги свитка со гризење. Вратата на боксот треба да има соодветен механизам за заклучување и отворање, за да биде практично влегувањето и за да може вратата да биде цврсто затворена заради сигурност и безбедност на кучето.
Дали се потребни подни облоги во боксот?
При изработка на боксот, истиот би требало да има под или доколку е возможно да има барем неколку сантиметри над земјата. Доколку се одлучите на вашето куче да му направите најквалитетен бокс, прво што треба да направите е да изберете подлога која не пропушта вода.
Подлогата може да биде од бетон, дрво, челик и сл. Боксовите изградени од овие материјали се долготрајни и квалитетни, но нивната изработка бара градежни работи, време, труд и пари.
Меѓутоа, доколку сакате на вашето куче му обебедите простор во дворот во кој ќе се чувствува најдобро и најкомфорно, ваквите боксови се вистинскиот избор за вас.
Се надеваме дека овој текст ви беше корисен и дека ви ги пруживме сите основни информации и упатства за правење куќичка и бокс за вашиот четвороножен пријател.