КУЧЕ И КОСКА – ПАР ОД РАЈОТ ИЛИ КОМБИНАЦИЈА ЗА ПЕКОЛОТ

Слики од куче со коска во устата се толку распостранети, како во цртаните филмови, така и по реклами и фотографии, па понекогаш е тешко да замислиме куче без коска. Исто така, не изгледа лошо тоа што на кучињата изгледа им се допаѓаат коските, бидејќи за нас секако претставуваат остаток од храна што треба да се фрли, а на овој начин можеме да ги искористиме и да ги дадеме на кучињата, со што потенцијално ги намалуваме месечните трошоци за кучешка храна и десерт. Исто така, врежано ни е мислењето дека тоа е одлична вежба за нивната вилица и имаат корист од хранлиите материи во коската. Можеби сепак не е така…

Дали кучињата смејат да јадат коски?

Повеќето луѓе би очекувале одговор кој тежнее кон афирмација, со понекој исклучок, меѓутоа експертите интензивно укажуваат на тоа дека кучињата не би требало да јадат коски, со тоа што постојат неколку исклучоци. Доколку имате исклучително силна желба да му дадете коска на своето куче, пожелно е сопственикот да биде присутен за целото време додека јаде кучето, и тоа не би требало да трае подолго од 10-15 минути.

Кои коски кучето смее да ги јаде, а кои не

Имено, мали, тенки, кршливи, шупливи (како пилешките), готвени, печени и димени коски кучето НИКАКО не би смеело да ги јаде. Работата е во тоа што истите лесно пукаат и може да дојде до сериозни повреди при голтањето, како што се:

• Кршење заби
• Повреда на устата и јазикот
• Дијареа
• Констипација
• Гушење
• Повреда на желудникот и цревата
• Заглавување на делови од проголтаната коска во стомакот и цревата
• Крварење
• Продорна повреда на цревата

Повеќето наведени примери можат да доведат до фатален исход, и во случај да приметите нешто од горенаведеното по јадење на коска, однесето го вашето куче на ветеринар. Тогаш ветеринарот ќе го прегледа вашето куче, ќе му направи рентгентска снимка, и ќе востанови дали коските се заглавени во дигестивниот тракт и според наодот ќе продолжи со понатамошно лекување. Најчесто е потребна конзервативна терапија, но понекогаш е потребна и операција.
За оние кој сепак сакаат да им дадат коска на кучињата, препорака е тоа да биде сирова скоска за која сте сигурни дека ќе може да ја прегризе.

Кои кучиња никако не смеат да глодаат коски

Кучињата кои знаат да имаат проблем со забите, непцата, цревата, кои имале некаква стоматолошка интервенциа и оние раси ко немаат навистина силни заби и вилици (како боскери, булдози, мопсови и сл.) не би смееле да глодаат коски.

Дали коските се здрави за кучињата?

Ќе пронајдете во некои статии дека кучето може да извлече од коските одредени дози на витамин, калциум и фосфор, меѓутоа севкупно гледано, коските имаат слаба нутритивна вредност и дефинитивно не вреди да се играте со здравјето на кучето и да се доведувате во ситуации да морате да го носите на бројни оперцации и прегледи ( сетете се на идејата за „намалување на трошоците“ од почетокот на текстот).

Во суштина сѐ се сведува на просто уживање во глодањето на коската, што на цела среќа, може да биде задоволено со синтетички коски кои може да се пронајдат во разни продавници за миленици.

Волонтирај