Во месец Мај 2026 година во ЈП Лајка хуманиот третман го поминаа 148 кучиња, 139 од нив беа заловени од нашите заловувачки тимови, а 9 беа донесени од граѓани.
Среќно се вдомија 31 кучиња, а 97 беа вратени на матичната локација.
ЈП Лајка – Скопје е најмладото јавно претпријатие основано од Градот Скопје. Неговата основна дејност, која е од посебен јавен интерес, е хуман третман на бездомните кучиња и воспоставување на контрола на бездомната популација на кучиња на територијата на општините во рамките на Градот Скопје.