Од училниците доаѓа промената: „Лајка“ со нова едукативна средба во ОУ „Гоце Делчев“ – Центар

Продолжуваме со нашата едукативна мисија меѓу најмладите и денес реализиравме посета во Основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар.

Во текот на посетата одржавме интерактивна презентација, проследена со отворени дискусии и дружење со учениците. Нивната заинтересираност, енергија и активно учество уште еднаш потврдуваат колку е важно директното работење со младите генерации.

Ги запознавме учениците со нашата секојдневна работа, со предизвиците со кои се соочуваме во грижата за бездомните животни, како и со значењето на одговорното сопствеништво и хуманото постапување. Преку разговор, прашања и конкретни примери, заедно отвораме важни теми и градиме свест уште од најмала возраст.

👉Сè повеќе ја согледуваме важноста дека не смее да остане ниту едно училиште изоставено од ваквите активности. Веруваме дека промената започнува со знаење, разговор и емпатија – токму тоа што го градиме на секоја ваква средба.

👉Заедно ја градиме промената. Заедно го градиме Скопје!💗

Волонтирај