Оваа Божиќна сезона, Јавното претпријатие Лајка во Скопје стана центар на единство, емпатија и среќа!
Бевме домаќини на настан кој ги обединува организациите кои ги поддржуваат децата и поединците со посебни потреби, ширејќи го вистинскиот дух на Божиќ – еднаквост, сочувство и љубов кон сите.
Претпријатието со огромно задоволство и особена чест ја пречека Нејзината екселенција, г-ѓа Анџела П. Агелер, Амбасадорка на Соединетите Американски Држави, чие присуство ја зголеми значајноста на овој собир. Амбасадорката Агелер на настанот, изрази силна порака за поддршка на јавното претпријатие Лајка и ја истакна важноста на нашата работа и мисија. Таа им се заблагодари на сите кои ја поддржуваат работата на Лајка и потсети колку е важно да се поддржуваме едни со други во нашата заедница која ги вклучува и животните.
Амбасадорката Агелер направи кратка тура низ прифатилиштето и со вработените поразговара за предизвиците. Присутните гости се запознаа со мисијата на прифатилиштето и споделуваа прегратки со прекрасните кучиња од Лајка кои бараат дом. Настанот не беше само прослава на празниците, туку и прекрасен потсетник дека емпатијата не познава граници како за луѓето така и за животните.
Срдечна благодарност упатуваме до сите гости, учесници и поддржувачи кои го направија овој ден толку посебен. Вашата посветеност на создавање свет каде што сите се еднакви е навистина инспиративна.