Проблеми во однесувањето на кучињата и како да ги решите

Сопствениците на кучиња често погрешно ги разбираат проблемите во однесувањето на кучињата. Можеби сте нов сопственик на куче, размислувате да бидете или само сакате да му помогнете на вашето куче. Темелното разбирање на најчестите проблеми во однесувањето на вашето куче се првите чекори кон нивно решавање или превенција. Цврстата основа на тренингот за послушност ќе ви помогне да спречите или подобро да ги контролирате многу од овие проблеми.

Лаење

Повеќето кучиња вокализираат на овој или оној начин. Можат да лаат, завиваат, цвилат и слично. Претераното лаење се смета за проблем во однесувањето. Пред да го корегирате прекумерното лаење, најпрво утврдете зошто вашето куче лае толку. Најчести типови на лаење се:

• Предупредување
• Разиграност и возбуденост
• Барање внимание
• Анксиозност
• Досада
• Реакција на други кучиња

Научете да го контролирате прекумерното лаење. Размислете за тоа да го научите на команди за лаење/тишина. Бидете доследни и трпеливи.Отстранете ги сите основни причини за лаењето. Посветеност и внимание кон деталите можат во голема мера да помогнат во спречување на лаењето на кучето.

Џвакање

Џвакање е природна акција за сите кучиња. Во суштина, џвакањето е важна активност за повеќето кучиња, тоа е само дел од начинот на кој се поврзани. Меѓутоа, прекумерното џвакање може брзо да стане проблем во однесувањето ако вашето куче предивикува уништување на вредни и битни работи. Најчести причини поради кои кучињата џвакааат:

• Растење на заби кај младенчињата
• Досада или вишок на енергија
• Анксиозност
• Љубопитност (најчесто кај млади кученца)

Поттикнете го своето куче да ги џвака витинските работи така што ќе му обезбедите полно играчки соодветни за таа намена. Чувајте ги личните работи подалеку од своето куче. Кога не сте дома чувајте го вашето куче во контролирана средина каде што може да предизвика што помала штета.

Ако го затекнете вашето куче како џвака погрешна работа, брзо одвратете го кучето со остра бука. Потоа заменете го предметот со играчка за џвакање. Една од најважните работи кои може да ги направите е да обезбедите вашето куче да има доволно физичка активност како би можел да потроши енергија и да биде стимулиран на тој начин наместо да се сврти кон џвакањето.

Копање

Доколку им се создаде можност, повеќето кучиња ќе копаат нешто, бидејќи е работа на инстинкт. Одредени раси како што се териерите, склони се кон копање поради својата историјата на лов. Генерално, повеќето кучиња копаат поради овие причини:

• Досада или вишок на енергија
• Анксиозност или страв
• Ловечки инстикт
• Барање удобност
• Сакаат да сокријат работи (играчки или коски)
• Како би побегнале или добиле пристап до некое подрачје

Може да биде прилично фрустрирачки ако вашето куче сака да копа во дворот. Обидете се да ја утврдите причината за копањето а потоа работете на нејзино отстранување. Дајте му на своето куче физичка активност, поминете повеќе квалитетно време заедно и работете на дополнителен тренинг. Ако копањето се чини неизбежно, оставете на некое агол место каде што вашето куче ќе може да копа, налик на бокс или ограничен простор. Научете го вашето куче дека е прифатливо да копа само во тој реон.

Сепарациона анксиозност

Сепарационата анксиозност е еден од проблемите во однесувањето на кучињата за кои најчесто се расправа. Манифестациите вклучуваат вокализација, несоодветно мокрење и дефекација и други облици на деструкција кои се јавуваат кога сопственикот ќе се одвои од кучето.

Но не сите од овие дејствија се резултат на анксиозност од одвојување. Знаците на вистинска анксиозност вклучуваат:

• Кучето станува вознемирено кога сопственикот се спрема да замине
• Лошото однесување се јавува во првите 15 до 45 минути откако ќе си замине сопственикот
• Кучето сака постојано да го следи сопственикот
• Кучето се обидува да оствари контакт со сопственикот во секоја прилика кога е тоа возможно

Вистинската сепарациона анксиозност бара посветена обука, модификација на однесувањето и вежби за десензибилизација. Лекови може да се препорачаат во екстремни случаи.

Скокање

Скокањето е вообичаено и природно однесување кај кучињата. Младите кученца како би ги дофатиле и поздравиле своите мајки. Подоцна можат да скокаат како би ги поздравиле луѓето. Кучињата исто така можат да скокаат кога се возбудени или бараат некој предмет во раката на личноста. Кучето кое скока може да биде досадно а понекогаш и опасно.

Постојат многу методи за спречување на скокањето, но нема да бидат сите успешни. Подигнување на коленото, фаќање на шепите или оттурнување на кучето може во некои случаи да функционира, но за повеќето кучиња ваквото однесување праќа погрешна порака. Скокањето е често однесување со кое се бара внимание, така што секое валоризирање на постапките на вашето куче пружа моментална награда, засилувајќи го скокањето.

Најдобар метод е едноставно да се свртите и да го игнорирате вашето куче. Одалечете се ако е потребно. Немојте да воспоставувате контакт со очите, да му зборувате или допирате вашето куче. Работете си ја вашата работа. Кога ќе се опушти и ќе остане смирен, мирно наградете го. Нема да пројде многу време пред да ја разбере пораката која ја добива од вас.

Молење за храна

Питачењето е лоша навика, но многу сопственици на кучиња всушност тоа го поттикнуваат. Тоа може да доведе до проблеми со варењето и до прекумерна тежина. Кучињата питачатт бидејќи сакаат храна. Меѓутоа, остатоците на маса не се десерт, а храната не е љубов. Да, тешко е да одолеете на тие тажни погледи, но долгорочно всушност создавате проблем. Кога ќе го научите вашето куче дека питачењето е дозволено, праќате погрешна порака.
Пред да седнете да јадете, кажете му на своето куче да оди на своето место, по можност таму каде што нема да може да зјапа во вас. Доколку е потребно, ограничете го вашето куче во друга просторија. Ако се однесува добро, дајте му посебен десерт но откако вие целосно ќе завршите со јадењето. 

Волонтирај