Реализиравме едукативна посета и во ООУ „Христијан Тодоровски – Карпош“, каде со учениците разговаравме за одговорно сопствеништво, грижата за животните и значењето на хуманиот однос кон бездомните кучиња.
Особено ни е драго кога гледаме љубопитни, внимателни и емпатични деца кои сакаат да учат како можат да придонесат за подобра заедница. Токму преку ваква едукација се создаваат генерации кои ќе знаат дека одговорноста кон животните е дел од културата и зрелоста на едно општество.
Веруваме дека секој разговор, секоја научена лекција и секоја развиена емпатија кај децата е чекор напред кон похумана иднина за сите.
Голема благодарност до училиштето за поканата, топлиот пречек и прекрасната атмосфера.









