Заедно со EuropeHouseSkopje и Алпинистички клуб Скопје покажавме дека она што за некого е отпад, за друг може да стане нешто навистина вредно.
На креативната upcycling работилница, со многу ентузијазам и тимска работа, беа изработени 53 издржливи поводници кои ќе им служат на кучињата згрижени во ЈП Лајка.
Со секој поводник не само што намаливме отпад, туку дадовме и мал, но значаен придонес кон циркуларната економија и подобрата грижа за животните.
Голема благодарност до сите учесници кои одвоија време, вложија труд и покажаа дека добрите идеи стануваат уште подобри кога се споделуваат.
Се гледаме повторно на следната заедничка акција!




