ЈП Лајка е дел од регионалниот дијалог за иднината на хуманото управување со популацијата на бездомни кучиња

Директорот на ЈП Лајка, Војислав Димитровски, учествува како говорник на престижната регионална конференција Paws & Policy организирана од Dog Trust, која се одржува во Сараево и обединува релевантни чинители од целиот регион – институции, експерти, ветеринарни служби и организации за заштита на животните.

Неговото учество не е само претставување, туку активен придонес во разговорите кои ја дефинираат насоката во која ќе се движат политиките и практиките во регионот. Во време кога јавноста сѐ почесто бара одговорни, системски и хумани решенија, ваквото присуство значи позиционирање на ЈП Лајка како релевантен фактор во тие процеси.

Ова е можност не само да се споделат искуства, туку и да се постават стандарди – јасна порака дека решавањето на проблемот со бездомните кучиња мора да се темели на знаење, соработка и долгорочни политики, а не на импровизации.

ЈП Лајка останува посветена на градење одржлив систем, во чекор со европските практики и регионалните иницијативи.

Волонтирај