ЈП „ЛАЈКА“ СЛАВИ 5 ГОДИНИ – СЛУШНЕТЕ ГИ ПЕТТЕ РОДЕНДЕНСКИ ЖЕЛБИ НА КУЧЕТО!

Драги сограѓани, пријатели, поддржувачи и активисти,

ЈП „Лајка“ е живо сведоштво дека и во ограничени услови – со труд, посветеност и заедничка волја – може да се создаваат успеси, среќни судбини и вистински промени.

Во изминативе години, ја трансформиравме „Лајка“ во институција што покажува дека системот може да биде и хуман, транспарентен и посветен на секое живо суштество. Но останува уште многу работа – пред сè, потребно е најстрого и со закон да се регулира одговорното сопствеништво.
Без тоа, не можеме  да го решиме проблемот – зошто секојдневно повторно гледаме нови и нови кучиња на улиците. И повторно се враќаме во круг.

„Лајка“ не е само стационар.
„Лајка“ е идеја – доказ дека хуманоста може да биде институционализирана, дека љубовта кон животните не е сентимент, туку вредност.

💛 Во чест на овој јубилеј, ги споделуваме петте роденденски желби на кучето:

🐾 Секое куче да има свој дом.
Не засолниште, не кафез – туку топол агол, свое ќебе, свое име и некој што ќе го чека.

🐾 Да нема повеќе гладни, болни и заборавени.
Хуманоста не е луксуз – таа е обврска. Да не свртиме глава никогаш, кога можеме да помогнеме.

🐾 Да се знае дека секој живот вреди.
Нема „куче скитник“. Постојат само кучиња – живи суштества со чувства, страв, љубов и верност што не се купува.
Дури и кога се бездомни – копнеат по љубов, семејство, дом.

🐾 Да бидеме општество кое не убива, туку решава.
„Лајка“ покажа дека хуманото е возможно – систем што лечи, вдомува, едуцира и обединува.

🐾 Да веруваме во добрината.
Секое вдомено куче е доказ дека љубовта може да се најде – дури и по долг престој зад решетки.

🎂 На петтиот роденден на ЈП „Лајка“ – не ни требаат подароци, ни требаат луѓе.
Луѓе кои ќе вдомат, ќе дојдат, ќе прегрнат, ќе го почувствуваат пулсот на хуманоста што ја градиме заедно.

📅 Ве покануваме на роденденска дружба!
Да го прославиме животот, надежта и сите спасени приказни. Ве чекаме во бистро Собрание.

https://www.facebook.com/events/802157265741983/?acontext=%7B%22event_action_history%22%3A[]%7D.

💛 ЈП „Лајка“ – наши години љубов, работа и отпор кон рамнодушноста.
Затоа што секое куче заслужува шанса.
А ние треба само – да бидеме луѓе.

#Лајка5 #ВдомиЉубов #ХуманостаЕНашИзбор

Волонтирај