Важно известување!

Почитувани граѓани, активисти, љубители на кучиња и поддржувачи на ЈП Лајка,

Должност ни е да ја информираме јавноста дека во прифатилишето на ЈП Лајка е констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума (Canine distemper).

Станува збор за вирусно заболување исклучително ризично по животот на заловените кучиња, без никаква опасност по здравјето на луѓето.

Ве информираме дека веднаш по констатирањето на првите случаи, согласно стручните ветеринарните препораки и насоки, преземени се низа превентивни мерки.

➡️Од денес престануваме со заловување и враќање на бездомни кучиња првично во период од 14 дена, поради долгата инкубација на болеста и следствено, опасност кучињата да пројават знаци на болеста веќе откако ќе бидат вратени на локација. Затоа, во периодот од 14 дена во стационарот ќе се прифаќаат само кучиња кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани.

➡️Внатрешна реорганизација, дезинфекција и санација на сите оддели – карантин, интензивна нега, пост-оперативен дел и вдомување.

✅ Ќе работиме исклучиво на вдомување на застоените кучиња кои престојуваат со години во нашето прифатилиште и имаат имунитет а ќе бидат предадени на новите сопственици единствено со негативен тест на штенечак.

Во моментот сме под карантин, со што сме спречени активно да работиме на решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Застојот на програмата залови – стерилизирај – вакцинирај – врати ќе биде бргу надоместен во наредните месеци, но во моментов е недозволиво да се импровизира.

Мерките кои се преземаат во овој период се неопходни и од исклучително важност, со цел да превенираме ширење на болест која е подмолна и фатална по здравјето и животот на кучињата.

Волонтирај