Драги пријатели, со голема радост ве покануваме заедно со вашите крзнени членови на семејството на настан каде што ќе се дружиме, натпреваруваме и наградуваме.
Предвидени се два натпревари на кои кучињата ќе бидат најголемите ѕвезди, но и ревија на кучињата на Лајка кои се во потрага по својот дом.
Настанот е организиран со цел да ја подигнеме свесноста за вдомувањето на бездомни животни и да промовираме одговорно сопствеништво на миленици.
Кучињата во ЛАЈКА копнеат по љубов и сопствен дом. Преку оваа иницијатива, сакаме да им помогнеме да си го остварат својот сон и да имаат фамилија што ќе ја наречат своја, како и да ја едуцираме јавноста за важноста на хуманото третирање на животните.
Ниедно куче не е на улица по сопствен избор.
31.05.2025, 11 часот – Градски Парк.
Распоред на активностиПочеток и топло добредојде на сите присутни 11.00 – 11.40 часот
Отварање на настанот со ревија на кучињата од Лајка – 20-30 минути
Игра 1: Покажи што знаеш 40 минути
Игра 2: Најди ја наградата 30 минути
Ве очекуваме на заедничка дружба и многу награди!
Дознајте повеќе за настанот преку следниот линк https://www.facebook.com/share/1C7tVeRx4m/?mibextid=wwXIfr
See less