Едукативна посета на ЈП Лајка и Руди во градинката „Малиот Принц“ – Скопје

Во текот на вчерашниот ден, заедно со нашиот миленик Руди, ја посетивме приватната детска градинка „Малиот Принц“ – Скопје. 🐶

Руди беше пречекан како вистински гостин – со вкусни бисквити, што со многу љубов ги подготвија дечињата, со подароци и со безброј нежни галења. Но најубавиот подарок беше вниманието, љубопитноста и љубовта што му ја подарија малите другарчиња. 💝

Преку оваа посета, дечињата имаа можност одблиску да се запознаат со Руди, да научат како правилно треба да му пристапат на куче, како да се однесуваат со него и зошто љубовта, грижата и почитта кон животните се толку важни уште од најмала возраст. 🐾

Со вакви мали, но значајни средби, растат големи срца, срца полни со емпатија, добрина и љубов кон животните. 💛

Им благодариме на дечињата и тимот на „Малиот Принц“ за топлиот пречек, прекрасната енергија и љубовта што му ја подарија на Руди. Се надеваме дека ова е само почеток на едно убаво пријателство! 🐶✨

Волонтирај