Во ЈП Лајка имавме задоволство да бидеме домаќини на Кристијан Салиховиќ и Емир Реџеповиќ од Dogs Trust u BiH – организација која повеќе од една деценија работи на развој на хумани и одржливи системи за управување со популацијата на кучиња во регионот.
Средбата, остварена со поддршка на Анима Мунди, беше можност да ја претставиме работата на ЈП Лајка, да ги споделиме досегашните искуства, но и да разговараме за предизвиците и идните насоки во управувањето со популацијата на бездомни кучиња.
Разговаравме и за идните насоки на развој, можностите за размена на знаења и добри практики, како и за потенцијална соработка во области од заеднички интерес.
Веруваме дека токму ваквите партнерства и поврзувањето на институции и организации кои работат кон иста цел се клучни за создавање долгорочни, хумани и одржливи решенија за управувањето со популацијата на бездомни кучиња во регионот.

