Бернардинци, Хаски, Самоједи и сите останати кучиња кои потекнуваат од ладните краишта посебно се радуваат на зимата. За нив зимата е најдоборото годишно време и надвор можат да бидат колку сакаат без некои посебни припреми.
Меѓутоа некои кучиња не се отпорни на зимата и нив треба посебно да ги спремиме за ладните денови.
Зимата може да биде тежок период за кучињата, посебно за оние со здравствени проблеми како артритис или респираторни проблеми па потребно е да превземете одредени чекори како вашите миленици би уживале во снегот, подеднакво како и кога трчкаат по трева во пролетните или есенските денови, и како би биле здрави во текот на зимските денови.
Храна
Зимата е период кога на кучињата им е потребно повеќе храна отколку во други годишни времиња. Затоа што им е потребно повеќе енергија како би ја одржале својата телесна температура. За време на зимата на кучињата и е потребна храна со повеќе протеини и маснотии во однос на потоплите месеци. Храната треба да ја засилите за 25-30% во однос на редовните оброци, но не треба да претерувате како не би довело до дебелеење.
Додатоци во исхраната во текот на зимата
Младите кученца, старите и болни кучиња во тект на зимските периоди најверојатно ќе имаат потреба од некој додаток во исхраната, кој треба да се дава исклучиво по совет и препорака од ветеринар, никако на своја рака.
Бањање и хигиена
Кучињата често се валкаат со снег и кал во текот на зимата, така што би било добро да ги бањаме почесто. Тоа помага во оддржување на чиста и свежа кожа и влакна. Познато е дека ладното време ја суши кожата, а почестото бањање ќе ја надополни нејзината влажност. Притоа треба да внимавате, вашето куче да не се изложува на ветар и студ додека не биде потполно сув.
Во текот на ладните денови на кучињата треба редовно да им се сечат ноктите, бидејќи снегот не може да ги „истурпија“, па може да дојде до пукање и физички повреди. Оваа активост треба да ја препуштите на стручно лице доколку немате искуство и прибор за безбедно отстранување на вишокот ноктена плоча, бидејќи кај кучињата исто како и кај луѓето таму се наоѓаат голем број на нервни завршетоци.
Гардероба
На повеќето кучиња им е потребна гардероба во текот на зимата, па би требало да се потрудиме и на својот миленик да му обезбедиме топла, удобна и сува гардероба, како би можеле непречено да уживаат во игрите и долгите прошетки додека се надвор на отворено. За дожд и снег можете да му облечете гардероба од материјали кои не пропуштаат вода, а на сува и ладно време ќе биде доволно само јакна или топол џемпер. Посебно внимание треба да обратиме на големината на гардеробата, бидејќи многу е важно вашето куче да се чувствува удобно и да може непречено да се движи.